Свадбени обичаи by

Свадбени обичаи
•Порано свадбата започнувала со припремите, во четврток со попарувањето на наутот за наутлија.

•Во Петок, попладнето, се подготвува бунгурот од кршена пченица (сега ориз) кој се вари, а од попарениот наут се месе наутлијата.за да се послужи вечерта на поканетите гости.
• Во Петок, рубата на невестата е наредена во една соба, каде се е уштиркано, од плетени работи, купени работи, чаршави, прекривачи, постелнини и др.
•Во Петок навечер доаѓаат гости, блиски роднини, комшии, и пријатели за припрема на адетот наречен БУНГУР. Тогаш се носи шеќер или гриз за алвата која се прави во понеделник. Блиските роднини носат материјал – ткаенина за на невестата да и се сошие костум или фустан.

Во сабота навечер во домовите на младоженците се месат погачи со паричка.Погачата ја месат млади девојчиња со живи родители (со мака и со татко), може да е и блиска роднина, братучетка или другарка. Домаќинката, мајката на невестата и врзува на месачката бовча и позади врзокот и става здравец(или друго зеленило), жегол-дрво со кое се замесува шеќерот, солта, брашното и останатото со црвен конец со кои е врзан и вереничкиот прстен.

Кога месачката ја меси погачата и заврши со месењето,тогаш со бокал или стомна и се става вода во сад за да се измие и откако ќе се измие, а погачата се пече, се пали оган околу кој се игра и пее а орото го води месачката.Тогаш, таа ја истура водата на родно дрво и на него го става врзопот што и бил врзан позади бовчата на месачката.

•Погачата се пече и после на прагот од една врата (од домовите во кои живеат сеуште невенчаните момче и девојка) се крши погачата врз главата на едно дете; од едната страна крши девојче, а од другата машко дете.

• •Погачата се крши на два дела, еден машки дел, а друг женски дел. Понатаму, женскиот дел од погачата во бовча на едно девојче се крши на ситни парчиња, а машкиот дел од погачата се праќа по сватовите кај момчето, со шише вино и ракија.

Истата вечер во домот на невестата доаѓаат сватови од машката страна и со нив го носат НЕВЕСТИНСКИОТ КОФЧЕГ со невестилникот, ташната, чевлите, долен веш, ако е зима – палто и чадор.
•Домаќинот - кога ги пречекува сватовите и кога му ја пеат ,,Домаќине добри гости ти дојдоа,,

Ги пречекуваат домаќините со песна и музика, играат, пеат народни песни и ора, па гостите им отпеваат познатата песна ,,Домаќине, добри гости ти дојдоа,,. После пречекот, гостите ги почастуваат со пијалак и мезе.

После пристигнувањето на сватовите, месачката го облекува  невестилникот и тогаш продолжуваат со играње и пеење.

•Тогаш, сватовите од страната на момчето го даваат женскиот дел од погачата и кажуваат ако знаат каде е падната паричката од нивната погача.
•На гостите им се дели парче од погачата, а гостите ставаат паричка во бовчата, а машкиот дел од погачата на невестата се испраќа по сватовите во домот на момчето.

•Вообичаено, сватовите кои одат кај невестата се старосватите, деверот, другари на момчето и други блиски.

Се верува дека зависно од тоа кај кого се паѓа паричката, дали •невестата или момчето, тој ќе биде посреќен во бракот.
•Во недела од рано наутро невестата се подготвува за свадбата, за пречек на гостите во домот на нејзините родители.

Околу пладне пристигнува младоженецот со роднините, тогаш се китат со китчиња и се служат со бомбони.Сватовите тогаш пак ја пеат песната ,,Домаќине добри гости ти дојдоа,,. Потоа, играат неколку ора, ороводецот оди напред со шамивче кое го врти при играњето, сите што се фатени на орото се држат за раце, во некои ора машките се држат за појасите или за рамо. Сите дојдени сватови влегуваат во домат на невестата која е скриена во соба.Пред вратата стојат другарките, кои не дозволуваат да влезат деверот, старосватот (вујкото на момчето) и момчето и додека не им платат не ги пуштаат во собата не невестата.
•Кога влегуваат внатре, девероти ги облекува чевлите на невестата (кои деверот ги купил и ги носи за невестата) и става ситни пари бидејќи наводно и се големи, па невестата три пати ги врти накај деверот да ги наполне со пари, па третиот пат деверот става поголеми книжни пари.

Тогаш и стануваат точни и потоа седнуваат да се мезат, бабата-мајката на невестата, носе печена кокошка и момчето ја крши за да ја нахране невестата.Тогаш, бабата го дарува зетот со златник , а тој и дава материјал за фустан.
•После сите адети, невестата излегува надвор со братот или сестрата и ја предаваат на момчето и деверот. Тогаш, се пее песната ,,Цреша се од корен корнеше,, и невестатасобраните пари кои и ги давале при поздравувањето со гостите, ги врзува во марамче и ги фрла преку глава накај мајка и. Мајката пак на тргнување фрла со бомбони и метални парички преку младоженците.

Од таму сите заминуваат да се регистрираат младоженците, потоа во црква на венчавање, каде најбитни на церемонијата се кумовите, деверот и старосватот.
•Во црквата има повеќе адети како врзување на рацете со материјал за фустан на невестата, кога се вртат трите круга во црквата, кумата фрла со бомбони, парички и леблебија.Од црквата се оди во домот на момчето каде свекрвата ја пречекува невестата и и дава 2 леба кои и ги ставаат под пазуви, па невестата ја држи свекрвата  за фустанот, а свекрвата носе вода во стомна и ја внесува снаата дома.

Тогаш, продолжуваат со свадбената веселба играјќи ора на песните од кумот, од деверот, од старосватите, познатото свекрвино оро, невестинско оро, до касните вечерни часови, а пред да си одат гостите невестата ги дарувас векрвата, свекорот, деверот, золвата, бабите и дедовците на момчето, кумот, кумата, старосватот старосватицата, и сите ближни роднини.
•Во понеделник – момчето и деверот со другарите од рано утрината одатво домовитена најблиските роднини (од двете страни), и собираат живи кокошки од кокошарниците кои ги носат дома кај момчето, ги колат, ги чистат и ги варат, па ги спремаат за мезе за сватовите кои ќе дојдат со подароци. Попладнето се спрема и свадбинската алва (од гризот кој го носеле гостите во петокот) и топла блага ракија за гостите.

Така продолжува веселбата од свадбените церемонии до доцна во Понеделникот.

Изработила - Мила Ќолчевска 9г одд